10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драма во Риека: Пријавен маж за семејно насилство, полицијата го застрела

Полицијата синоќа застрелала вооружен маж во Риека при интервенција поради семејно насилство, јавува ПУ Приморско-горанска.

При интервенцијата вооружено лице му се заканувало на полицаецот со огнено оружје, поради што отворил оган.

Повредениот бил пренесен во болница каде било констатирано дека се здобил со тешки телесни повреди.

Началникот на полицијата испратил стручна екипа за утврдување на сите околности на настанот и утврдување на фактите поврзани со употреба на средства за присилба.

– Во овој момент не можеме да дадеме повеќе информации, бидејќи кривичната истрага е во тек, а јавноста ќе биде навремено информирана по завршување на полициските дејствија – се додава во соопштението на ЈУ Приморско-горанска.