13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во судир на два трамваја во Лисабон повредени 13 лица

Во судир на два трамваја во центарот на Лисабон полесно се повредени 13 лица, меѓу кои неколку туристи и три деца, соопштија итните служби, јавуваат локалните медиуми.

Меѓу повредените патници има двајца Французи, двајца Чеси, Американец, Италијанец и Шпанец, изјавил за агенцијата „Луса“ извор од противпожарната бригада во Лисабон.

Осум патници со повреди се пренесени во болница, соопшти брзата помош, објави францускиот весник „Фигаро“.

Спонзорирано: