14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мнозинството Германци незадоволни од раководството на канцеларот Олаф Шолц, покажува истражување

Мнозинството Германци се незадоволни од раководството на германскиот канцелар Олаф Шолц првпат откога тој ја презеде функцијата во 2021 година, покажува истражувањето објавено денеска.

Во анкетата спроведена на барање на телевизијата ЗДФ, 51 отсто од испитаниците се изјасниле дека не се задоволни од работата на германскиот канцелар.

Само 43 отсто од испитаниците се изјасниле дека се задоволни од работата на Шолц, а шест отсто се неопределени.

И покрај наодите од истражувањето, Шолц сè уште е втор најпопуларен политичар во Германија зад министерот за одбрана, Борис Писториус, кој со месеци е на врвот.

Спонзорирано: