22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Ковачевски: Ако ВМРО-ДПМНЕ не знае да дебатира и аргументира дома, како да очекуваме да водат дебата со меѓународната заедница

„ВМРО-ДПМНЕ покажа дека немаат никакви аргументи, дека немаат идеја за дискусија и не водат дебата. Ако не знаат да дебатираат и да аргументираат дома, како да очекуваме дека ќе аргументираат и ќе водат дебата надвор, со меѓународната заедница“ запраша премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека јасно е оти целта на ВМРО-ДПМНЕ не е да испреговараат нов договор, туку да блокираат за да си ги спасат соптвените политички кариери.

„Затоа нема веќе простор за манипулација од страна на ВМРО-ДПМНЕ, јасно е како ден дека граѓаните сакаат да живеат во ЕУ. Сите истражувања покажуваат дека над 80 отсто од граѓаните на државата, без разлика на нивната припадност, сакаат да живеат во ЕУ. Сакаат подобар животен стандард, владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри економски услови, социјална правда и врвна демократија“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека Република Северна Македонија практикува европски вредности и заслужува по членството во НАТО, да стане членка и на ЕУ.

„Пред нас е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на интеграциите и остварување на европската цел до 2030 година“ рече Ковачевски.

Спонзорирано: