13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

„Имаме успех на југоисточниот фронт“ – Украина тврди дека освоила територии и се водат жестоки борби кај Бахмут

Украинската армија тврди дека постигнала поголем успех во контраофанзивата на југоисточниот фронт денеска, еден ден откако објави дека ја презела контролата врз селото Урожане во областа Доњецк, кое било едно од упориштата на руските сили.

Воениот портпарол Андриј Ковалиов изјави дека украинските сили напредуваат јужно од тоа село, кон Азовското Море.

Тој исто така рече дека жестоки борби се водат во североисточниот дел на регионот Харков недалеку од Бахмут, град кој руските сили го зазедоа во мај по неколкумесечни крвави борби.

„Украинските сили продолжуваат со офанзивните дејства јужно од Бахмут“, рече тој.

Спонзорирано: