26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Инструктор од САД со автомобилот се заби во излогот на автошкола, на зградата пишува: „научи да возиш“

Инструктор за возење од Колорадо пред некој ден со својот автомобил влетал низ прозорецот oд излогот на автошкола.

Локалната полиција објави фотографија на „Твитер“ и наведе дека едно лице се здобило со полесни повреди. Останатите сведоци на бизарната несреќа успеале навреме да побегнат, а инструкторот добил парична казна за сообраќаен прекршок.

Фотографијата покажа дека инструкторот поминал низ ѕидот и скршил голем стаклен прозорец, веднаш под „научи да возиш“ – текст испишан на самата зграда.

Сопственикот на автошколата Стив Роман подоцна за медиумите изјави дека несреќата ја предизвикал нововработен, човек кој само втор ден бил на работа и кој се уште немал добиено потврда.