10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Воздушна опасност низ Украина, експлозии во Киев: Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништа

Во цела Украина е прогласена воздушна опасност, а во Киев одекнале експлозии, јавуваат украинските медиуми.

Украинското воено воздухопловство предупреди дека постои ризик од ракетен напад на целата територија на земјата, пишува Украинска Правда.

Според извештаите, руските сили лансирале ракети Кинжал од авионите МГ-31Х во правец на регионот Киев.

Во главниот град на Украина е активна противвоздушна одбрана.

Градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека во Киев се слушаат експлозии и ги повика граѓаните да останат во засолништа.

„Експлозии. Останете во засолништата, ве молам“, напиша Кличко на Телеграм.