10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Експлозии одекнуваат низ Москва, аеродромите итно затворени

Московскиот аеродром Внуково и аеродромот во Калуга, на околу 200 километри од главниот град на Русија, денеска беа затворени од безбедносни причини, пренесува РИА Новости повикувајќи се на неименуван извор од воздухопловната индустрија.

„Воздушниот простор над аеродромите Калуга и Внуково е затворен за да се осигури безбедноста на летовите на цивилните авиони“, рече неименуваниот извор.

Претходно, извор од итната помош за РИА Новости изјави дека, според првичните информации, аеродромот Внуково е привремено затворен поради дрон.

Во соопштението на Внуково се наведува дека од причини вон контрола на аеродромот, од 09:40 часот се воведени привремени ограничувања за слетување и полетување на авионите.

Од безбедносни причини, некои летови се пренасочени кон други аеродроми во Москва, се наведува во соопштението.

Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко на Твитер објави видео на кое се гледа густ бел чад, а во описот се наведува дека руските медиуми известуваат за експлозијата.