10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Британија за белоруските воени вежби: Многу е веројатно дека станува збор за рутински циклус на обука

Во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина, британското Министерство за одбрана ја коментира белоруската најава за воените вежби на 6-та одделна гардиска бригада во областа Гродно во северозападна Белорусија.

Руското Министерство за одбрана наведува дека целта на вежбите е да се вградат лекциите што ги научи руската војска во Украина.

„Овие специфични вежби се многу веројатно дел од рутинскиот циклус на обука на белоруската армија. Домашниот гарнизон на 6 одделна гардиска бригада е во Гродно и малку е веројатно дека единицата е подготвена активно да учествува на линијата на фронтот“, вели Британија.