9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагедија во Грција: Се удави момче, нуркачите го нашле заплеткано во мрежи

11-годишно момче се удави денеска на плажа во Грција, на островот Фурни, недалеку од Самос.

Детето било облечено во костим за капење и маска кога било пронајдено на плажа во близина на пристаништето, пренесуваат грчките медиуми.

Неговата мајка, која води хотел на островот, го барала уште од рано попладне, а за исчезнувањето на момчето ги известила властите во 18 часот и 30 минути.

Веднаш започнала потрагата на полицијата и крајбрежната стража, која завршила трагично бидејќи малолетникот во 20 часот и 30 минути го пронашле нуркачите кога нурнале во водата и го виделе заплеткано во мрежи, два метри под површината на морето.

Детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во амбулантата во селото Фурни каде била констатирана смрт, пишува Прототема.

Спонзорирано: