10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потона брод со Рохинџи од Мјанмар: има 23 загинати и 30 исчезнати

Брод полн со Рохинџи од мјанмарската држава Ракин потона, при што загинаа најмалку 23 лица. Триесет се уште се водат како исчезнати, додека осум лица преживеале.

Преживеаните изјавиле дека се обидувале да стигнат до Малезија кога нивниот брод со повеќе од 50 патници потонал и екипажот го напуштил бродот, пренесува „Би-Би-Си“.

Секоја година, илјадници Рохинџи, се обидуваат да стигнат до Малезија или Индонезија со брод, бегајќи од прогонот во Мјанмар и преполните бегалски кампови во Бангладеш.

Меѓу загинатите оваа недела има 13 жени и 10 мажи. Сите биле муслимани, соопшти спасувачката екипа.

Преживеаните од овонеделниот потонат брод се сеќаваат дека биле погодени од голем бран во близина на главниот град на Ракин.

Тие велат дека шверцерите, на кои им биле платени околу 4.000 долари по човек за да патуваат во Малезија, потоа го напуштиле бродот.

Телата на жртвите биле подигнати од други бродови или морето ги фрлило на плажата.

Муслиманските Рохинџи се етничко малцинство во мнозинскиот будистички Мјанмар.

Многумина од нив побегнаа од геноцидот на бурманската армија во Бангладеш во 2017 година. А оние кои останаа во Мјанмар се обидуваат да избегаат од 2021 година, кога се случи воениот удар.