10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бројот на загинати во пожарот на Хаваи се искачи на 55

Потврдениот биланс на загинати од шумскиот пожар во Лахаина сега изнесува 55, соопштија претставници на округот Мауи во соопштението во четвртокот вечерта по локално време.

„Додека продолжуваат напорите за гаснење, денеска беа потврдени уште две жртви во сè уште активниот пожар во Лахаина. Со ова бројот на загинати се искачи на 55“, се вели во соопштението.

Според соопштението засега нема други достапни детали.