9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Катастрофални последици од експлозијата во Москва: Еден загинат, 50 повредени и 12 исчезнати

По експлозијата во магацинот на пиротехничка опрема во Сергиев Посад кај Москва, 12 лица се водат како исчезнати, изјави Олга Врадиј од Централниот комитет на Московскиот регион.

„Во моментов се утврдува судбината на 12 лица кои се сметаат за исчезнати. Едно лице загина, а повеќе од 50 луѓе се повредени во огромната експлозија што се случи вчера во објектот на оптичко-механичката фабрика Загорск. Во болница се хоспитализирани 23 лица, од кои пет се во тешка состојба“, изјави таа за агенцијата „РИА“.

Во експлозијата е уништен хангар со површина од 1.600 метри квадратни, кој бил закупен од приватна компанија на земјиштето на фабриката, а од силината на експлозијата пукнале стаклата на неколку куќи во близина на фабриката.

Спонзорирано: