22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Србин избодел млад човек по расправија во Швајцарија, тој ранет влетал во воз и побегнал

Млад маж (20) од Србија е осомничен дека во неделата наутро со нож избодел швајцарски државјанин на железничката станица во Сент Гален.

Како што пишуваат швајцарските медиуми, Србинот прво се скарал со момчето (21), а потоа извадил нож.

Наводно, нападот се случил нешто пред 5:00 часот, а ранетиот Швајцарец успеал да се качи во возот и да побегне. Загрижените патници веднаш повикале полиција и брза помош. После тоа на повредениот млад човек му била укажана лекарска помош на друга станица.

Веднаш бил пренесен во болница, од каде подоцна бил пуштен на домашно лекување.

Полицијата набрзо го идентификувала српскиот државјанин и го привела поради сомнение дека го извршил нападот. По рочиштето, тој наводно бил префрлен во психијатриска установа.