17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Два хеликоптера се судрија во Калифорнија при гаснење пожар, три лица загинаа

Три лица загинаа откако два противпожарни хеликоптери се судрија вчера во Јужна Калифорнија додека гаснеа пожар во округот Риверсајд, соопштија службите за вонредни состојби. Еден од хеликоптерите од несреќата слетал безбедно.

„За жал, вториот хеликоптер се урна и трагично загинаа сите тројца членови на екипажот, вклучително и шефот на противпожарната служба во Калифорнија, пожарникар и пилот“, изјави Дејвид Фулчер, шеф на противпожарната служба во Калифорнија, за време на денешната прес-конференција.

Фулчер не го откри идентитетот на загинатите.

Пожарот се проширил на вегетацијата, па на помош на пожарникарите им дошле два противпожарни хеликоптери. Хеликоптерите се судриле додека го гаселе пожарот. Несреќата предизвикала уште еден пожар кој зафатил четири хектари. И тој пожар бил изгаснат.