24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Катастрофално невреме ја погоди и Австрија

Катастрофално невреме ноќеска погоди делови од Австрија, каде забележани обилни врнежи од дожд, бурни ветрови и поројни поплави кои однесоа се пред себе. На некои места се подготвува евакуација на населението, а други се отсечени поради големите поплави.

Поради катастрофални бури и поплави, алармите за цивилна заштита се активирани во многу области во Штаерска и Корушка. Градот Ајзенкапел во Корушка беше отсечен од надворешниот свет поради поплавите што го погодија градот, а градовите во областа Волфсберг и Фолкермаркт беа на работ на евакуација. Комуналното претпријатие Еис во Руден соопшти дека водата за пиење од чешма мора да се преврива поради контаминација.

Армијата е во подготвеност со стотина пожарникари поради свлечишта, блокади, поплави и уништување.

– По обилните дождови во јужна Корушка, од армијата беше побарано да ги отстрани сите можни блокади. Војниците полнат вреќи со песок. Според командата на противпожарната бригада на квартот Фелкермаркт, од населението се бара „да остане во куќите“ и „да не влегува во подрумските простории“ – изјави портпаролот на армијата, Михаел Бауер.

Секој што ќе излезе на улица и покрај предупредувањето, мора да очекува бројни блокирани сообраќајни врски. А состојбата е се полоша и полоша, бидејќи викендот носи уште повеќе невреме, а прогнозата за следните денови е облачно со врнежи од дожд.

Силно невреме денеска ја зафати Словенија, а и се заканува и на Хрватска.

Спонзорирано: