Сите руски функционери треба да возат домашни автомобили, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со менаџерите на производствените компании.
Според него, од министерствата и управата се бара да не продолжуваат да купуваат автомобили од странско производство, па дури и да се фокусираат на тоа.
„И сите функционери во државата да возат домашни автомобили. Нема ништо страшно во тоа што некаде ќе изгледа поскромно, напротив, дури е добро“, рекол Путин, пренесува РИА Новости.
Потенцира дека е потребно да се залага за развој на домашни брендови, домашни автомобили и други домашни производи.
На почетокот на јули, претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, повика на фокус на домашната автомобилска индустрија во јавните набавки за државните органи и буџетските институции.
Истиот став го искажа и заменик претседателот на Единствена Русија, Султан Хамзаев, кој побара државните службеници, пред се пратениците, да почнат да користат руски автомобили.
Министерот за финансии Антон Силуанов рече дека неговиот ресор е подготвен прв да учествува во набавката на домашни автомобили за државни потреби.