17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Северна Кореја лансираше балистички ракети

Северна Кореја истрела две балистички ракети кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, соопшти јужнокорејската војска.

„Нашите вооружени сили открија две балистички проектили истрелани од Северна Кореја од локација во близина на Пјонгјанг во Источното Море во понеделникот напладне по локално време и на полноќ во вторникот“, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи го главниот штаб во Сеул.

Според главниот штаб на јужнокорејската армија, проектилите летале околу 400 километри пред да паднат во морето. Војската на Јужна Кореја се уште истражува за каков тип на ракета се работи.

Резолуциите на Обединетите Нации ја спречуваат Северна Кореја да тестира балистички ракети кои, во зависност од тоа како се дизајнирани, можат да носат и нуклеарни боеви глави. Тестирањето на крстосувачките ракети не е под санкции, но таквото оружје може да се користи и за носење нуклеарни боеви глави.

По минатогодишната серија ракетни тестови без преседан, Северна Кореја оваа година неколку пати тестираше проектили. Минатиот викенд Пјонгјанг истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море, меѓу Кина и Корејскиот Полуостров.

Северна Кореја минатата недела предупреди дека распоредувањето на американските сили, вклучувајќи носачи на авиони, бомбардери или ракетни подморници, во Јужна Кореја може да поттикне употреба на нуклеарно оружје.

Спонзорирано: