18.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Партиски функционер во Кина примил поткуп, осуден на доживотен затвор

Кинескиот суд осуди поранешен секретар на Комунистичката партија во источниот град Хангжу на доживотен затвор за примање мито од 182 милиони јуана (околу 23 милиони евра).

Изрекувањето на пресудата за Џоу Џијангјонг, поранешен партиски шеф на градот јужно од Шангај, беше одржана јавно денеска пред судот во провинцијата Анхуи.

Џоу беше прогласен за виновен за примање мито лично или преку своите роднини во градовите и окрузите во провинцијата Жејанг од 2001 до 2021 година. Тој е осуден на условна смртна казна, која по две години зад решетки ќе биде променета во доживотен затвор.

Хангжу е главен град на провинцијата Жеџијанг.