7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дванаесет министерства во Норвешка цел на хакерски напад

Дванаесет норвешки министерства беа погодени од сајбер-напад, соопшти норвешката влада. Тоа е последен во серијата напади врз јавниот сектор на најголемиот европски снабдувач со гас и најсеверната членка на НАТО.

„Идентификувавме слабости во платформата на еден од нашите доставувачи. Тоа сега е решено“, рече Ерик Хоуп, шеф на владината агенција за услуги во Министерството.

Нападот беше забележан на 12 јули благодарение на невообичаениот сообраќај на платформата на доставувачот. Сајбер-нападот е предмет на полициска истрага.

„Рано е да се каже кој стои зад тоа и колкава штета предизвика овој сајбер-напад“, рече Хоуп. По падот на испораките на руски гас, Норвешка сега е најголемиот снабдувач на гас во Европа на најголемиот извозник на нафта во Западна Европа.

Кабинетот на премиерот и министерствата за одбрана, правда и надворешни работи не беа погодени од нападот бидејќи користат други ИТ-платформи, објасни Хоуп.

Норвешкиот јавен сектор и претходно беше цел на сајбер-напади.

Бројот на сајбер-напади во таа земја тројно се зголеми меѓу 2019 и 2021 година.