7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Коментар на „Њујорк тајмс“ кој одекна како бомба: Санкциите излегуваат од контрола, сами се уништуваме!

Денеска „Њујорк тајмс“ објави уреднички коментар за потребата САД да направат ревизија на санкциите што ги применуваат против голем број земји, бидејќи се поставува прашањето дали некои од овие санкции се контрапродуктивни за американските интереси.

Во написот, редакцијата на весникот зборува исклучиво за интересите на Америка, а не за нејзините сојузници.

Кога сериозен и многу влијателен издавач како „Њујорк тајмс“ се решиле да објават уреднички коментар, тоа значи дека оцениле оти станува збор за тема од врвно национално или меѓународно значење, за што уредниците сметаат дека треба да предупредат.

Уредничкиот коментар обично е и знак дека тие веќе разговарале на темата детално и зазеле цврст став. Иако „Њујорк тајмс“ ги покрива американските санкции против голем број земји, јасно е дека во моментов тие се најважни кон Русија, а во уредничкиот коментар велат: „Вечното прашање е: Што следи? Кога престануваат да функционираат санкциите? Или уште полошо, кога ќе почнат да работат против интересите на САД?“

Тоа е пресврт во уредувачката политика на „Њујорк тајмс“; самиот факт што тие јавно ја истакнаа тезата дека механизмите за санкции можат да им наштетат на оние кои ги пропишуваат е повик за будење до оние кои арогантно го прогласија секое доведување во прашање на ефективноста и рационалноста на индивидуалните санкции како руска или непријателска субверзија.

Економските влогови се зголемуваат, но не на начинот на кој првичните креатори на индивидуалните санкции замислуваа.

Изненадувачки е колку редакцијата на NYT одеднаш е критична кон политиката на санкции на САД, бидејќи тоа не е политика која постои од вчера, а не е првпат да се појават проблеми со механизмите за санкции во Русија. Тие самите истакнаа дека според базата на податоци за глобални санкции, САД од 1950 година наметнале 42 отсто од санкциите на меѓународно ниво, што сега го заклучуваат најпочитуваните американски уредници.