16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТИЗБОР

Свлечиште покоси се по поплавите: Најмалку пет лица загинаа во Индија, спасувачите бараат преживеани под урнатините

Најмалку пет лица загинаа, а околу 100 се затрупани кога во лизгање на земјиштето во планинско село во западната индиска држава Махараштра по обилните монсунски дождови, соопштија денеска државните власти.

Спасувачите се обидуваат да најдат преживеани под урнатините. Свлечиштето се активирало среде ноќ во селото Иршалвади, на околу 60 километри од Мумбаи, објавија медиумите, повикувајќи се на официјални претставници.

Надлежните изјавија дека во селото има вкупно 48 семејства, а околу 75 лица се евакуирани. Поради обилните монсунски дождови, училиштата се затворени, патиштата се поплавени, а железничкиот сообраќај е во прекин низ Махараштра, најбогатата држава во Индија.

Училиштата и факултетите во Мумбаи денеска се затворени.

Во неколку области во Махараштра во средата паднаа повеќе од 100 милиметри дожд на метар квадратен, а во следните 24 часа се очекуваат обилни врнежи.

Спонзорирано: