10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Објавени податоци: 220 интервенции во Загреб, учествувале 660 пожарникари

Хрватскиот противпожарен сојуз соопшти дека во Хрватска досега се евидентирани 1.507 интервенции во кои учествувале 3.865 пожарникари со 1.604 возила, а податоците за бројот на интервенции постојано се зголемуваат. Пожарникарите работат на отстранување на дрвја, гранки, ќерамиди од коловозите, како и на поправка на покриви и оџаци.

Во интервенциите предизвикани од последиците од силното невреме, пропратено со дожд и град, во Загреб се евидентирани 220 технички интервенции во кои учествувале околу 660 пожарникари со 200 противпожарни возила. Како последица на невремето две лица загинаа, а неколку други се повредени, меѓу кои и еден пожарникар.

Во општина Загреб евидентирани се 544 технички интервенции во кои учествувале околу 1.632 пожарникари со 572 противпожарни возила. Најголем дел од интервенциите биле на подрачјето на Самобор, Велика Горица, Запрешиќ, Брдовац, Иваниќ Град и Дуго Село.

Во општина Карловац евидентирани се 171 интервенција во кои учествувале околу 249 пожарникари со 192 противпожарни возила, а најмногу интервенции биле извршени на подрачјето на Карловац, Дуга Реса, Липник, Слуњ и Рибник.