22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Ова беше една од најстрашните ноќи од почетокот на војната, вели градоначалникот на Одеса

Синоќешниот руски воздушен напад врз Одеса беше „една од најстрашните ноќи“ од почетокот на војната, изјави градоначалникот на јужниот украински град.

„Не се сеќаваме на таков напад од почетокот на инвазијата“, рече градоначалникот Хенадиј Труханов на Фејсбук. Немаше жртви, но градот беше потресен од серија експлозии, а неколку луѓе беа повредени од остатоци од соборениот руски проектил, соопштија официјални лица.

„ Благодарни сме на противвоздушната одбрана. Тоа беше жестока воздушна битка“, рече Труханов. Новинарите на CNN во Одеса слушнале силно гранатирање околу 2 часот по полноќ по локално време.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија втора ноќ по ред ја гаѓала Одеса со проектили и самоубиствени дронови Шахед. Нападите на градот на Црното Море доаѓаат откако Москва се повлече од клучниот договор за жито оваа недела, што наиде на осуда од Украина, САД и нивните сојузници.

Во објава на Телеграм, Олех Кипер, шеф на воената администрација на регионот Одеса, рече дека пожарите избувнале откако руските напади погодиле силос за жито и нафтен терминал и други индустриски капацитети.

„Неколку цивили, меѓу кои и едно деветгодишно момче, се повредени откако противвоздушната одбрана го собори крстаречкиот проектил, рече тој.