31.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Захарова: Украина донесе одлука да го нападне мостот на Крим со учество на американски и британски служби

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека одлуката за утринскиот напад на мостот на Крим ја донеле украинските власти и армијата, со, како што наведе, учество на американските и британските разузнавачки служби.

„Денешниот напад на мостот на Крим го изврши режимот во Киев. Овој режим е терористички и ги има сите обележја на меѓународна организирана криминална група“, напиша Захарова на „Телеграм“, пренесува „РИА новости“.

Таа додаде дека одлуките ги носат украинските официјални лица и војската, со „директна вклученост на американските и британските разузнавачки агенции и политичари“.