11.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Курти не учествува на неформалниот состанок на балканските лидери во Тирана

Косовскиот премиер Албин Курти нема да учествува на неформалната средба на лидерите на Балканот денеска, на која ќе присуствува и комесарот за соседство и проширување на Европската унија, Оливер Вархеји.

Портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Криезиу, на Фејсбук напиша дека Курти добил покана за средба од премиерот на Албанија, Еди Рама, но дека поради учеството на конференција на Крит, Грција, не може да оди.

„Пред една недела, премиерот на Косово, Албин Курти, беше поканет од премиерот на Албанија, Еди Рама, на неформален ручек со еврокомесарот Оливер Вархеји во Тирана, каде беа поканети и други премиери од Западен Балкан. Премиерот Курти го информираше премиерот Рама дека нема да може да учествува бидејќи го потврди своето учество на конференцијата на Крит, Грција, каде во истиот ден и во исто време пред неколку месеци е панелот за Западен Балкан“, напиша Криезиу.

Тој додаде дека Курти ќе учествува на Самитот во Берлин.

„Секако, премиерот Курти ќе учествува на Самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи во Тирана на 16 октомври 2023 година“, напиша Криезиу.

Учеството на денешниот неформален состанок во Тирана го потврдија претседателот на Србија Александар Вучиќ, вршителот на должноста премиер на Црна Гора Дритан Абазовиќ, премиерот на Македонија Димитар Ковачевски, како и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.