17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Пентагон: Во моментов не гледаме платеници на Вагнер значително да учествуваат во борбите во Украина

Портпаролот на Пентагон, генерал Патрик Рајдер, денеска изјави дека „платениците на Вагнер веќе не учествуваат во воените операции во Украина во значителен обем“, две недели откако воената група се побуни во Русија.

„Во моментов не гледаме силите на Вагнер значително да учествуваат во борбените операции во Украина“, додаде Рајдер.

Вагнеровите борци водеа некои од најжестоките и најопасните битки за време на руската инвазија на Украина, но по бунтот на 24 јуни, Москва им даде опција да ја напуштат земјата, да се приклучат на редовната војска или да си одат дома.

Во средата, руското Министерство за одбрана објави дека става крај на предавањето на оружјето на Вагнер на руските вооружени сили.

Спонзорирано: