21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Авион слета на пистата и се урна

Патнички авион беше фатен на камера како се лизга од пистата и се урива само неколку моменти по слетувањето во главниот град на Сомалија во вторникот – за чудо патниците се само полесни повредени, соопштија властите.

Авионот на Хала ерлајнс со 30 патници и четворица членови на екипажот се излизгал од пистата по пристигнувањето на меѓународниот аеродром во Могадишу нешто пред 12:30 часот. по локално време, објави „Гласот на Америка“.

На снимката од надзорната камера се гледа како авионот се пробива низ оградата покрај пистата додека остатоците летаат низ воздухот.

„Нема жртви во несреќата, освен полесни повреди“, соопшти сомалиската управа за цивилно воздухопловство (SCAA).

Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат авион со делумно одвоена пилотска кабина како лежи покрај низок бетонски ѕид по несреќата.

Пилотот не пријавил никакви проблеми пред падот, според властите.

Службеникот изјави за агенцијата дека првичните индикации сугерираат дека причина за уривањето е грешката на пилотот.

„Фактите ќе се утврдат кога ќе се анализираат рекордерот и црната кутија во пилотската кабина“, рече службеникот, кој не сакаше да биде именуван.

Од SCAA соопштија дека се уште ги истражуваат причините за инцидентот.

Спонзорирано: