25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин: Западните текови се нашата главна цел на фронтот

Рускиот претседател Владимир Путин за време на гостувањето на државната телевизија изјави дека тенковите од странско производство се главната цел на неговата армија.

Тој исто така рече дека влезот на Украина во НАТО ќе ја загрози безбедноста на Русија и дополнително ќе ги ескалира глобалните тензии.

„Стекнувањето ново оружје само ќе ја влоши ситуацијата и дополнително ќе го поттикне конфликтот“, рече Путин, а пренесува „Скај њуз“.

Тој додаде дека Русија може да се повлече од Црноморскиот договор за жито додека другите страни не ги исполнат своите ветувања.

Договорот со кој се овозможува безбеден извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море истекува следниот понеделник. Москва постојано се закануваше дека нема да го продолжи поради аспектите на неговата имплементација кои влијаат на рускиот извоз. Путин на државната телевизија изјави дека Русија е во контакт со ОН за ова прашање.

Спонзорирано: