22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Три земјотреси ја погодија Србија во текот на ноќта, се тресеше и во Косово

Земјотрес утрово повторно ја погоди Србија, а како што е наведено на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод на Србија, се стресоа и Крушевац и Крагуевац.

Најсилниот бил синоќа во Крагуевац, со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се случил во 19.25 часот, јавуваат српските медиуми.

Потресите продолжиле и во текот на ноќта кога околу 2.30 часот со јачина од 1,6 степен по Рихтер повторно го погоди Крагуевац, а нешто посилно беше погоден и Крушевац утрово околу 6.30 часот со јачина од 1,7 степен на Рихтеровата скала.

Земјотрес имало и во Косово, Косовска Митровица, кој бил во два и пол часот по полноќ, со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала.

Надлежните ги советуваат граѓаните да не паничат, да не се обидуваат да побегнат, туку да се легнат на подот, да се засолнат и да ги заштитат главите.

„Доколку сте внатре во куќата за време на земјотрес, неопходно е да најдете засолниште на безбедни места, како што се рамките на вратите, носечките ѕидови, под маса, цврст мебел. Треба да ги покриете лицето и главата со рацете и да се скриете во аголот на внатрешните ѕидови на собата. Треба да останете таму додека трае земјотресот“, се наведува во препораките.