Centar.mk
ЛОКАЛНО

СДСМ иницира сите јавни претпријатија да го чистат ѓубрето во Скопје

Советничката група на СДСМ иницира одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје и предлага мерки поради состојбата со ѓубрето во главниот град.

Една од мерките што на седницата в четврток ќе ги предложи СДСМ за решавање на проблемот со ѓубрето е вклучување на сите јавни претпријатија во чистењето.

„Со целиот свој човечки потенцијал, а потоа и со онаа механизација со која располагаат јавните претпријатија, да се вклучат во чистењето за што побргу целосно да се расчисти ѓубрето во Скопје и состојбата да се врати во нормала. Оваа мерка ќе овозможи ЈП ‘Комунална хигиена’ бргу да се врати во секојдневниот работен тек, а ќе превенира и во иднина да не се случува повторно ваков хаос“, велат од СДСМ.

Очекуваат поддршка од сите советнички групи, вклучително и од мнозинството во Советот од ДПМНЕ. Особено што токму ДПМНЕ со своите кадри, велат од владејачката партија, со своите градоначалници во Скопје директно се одговорни и тие го создадоа проблемот.

Можеби ќе ве интересира

Скопје добива нова, модерна противпожарна станица во општина Аеродром

ДЕСК

Се доградуваат 8 училници во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром, од следната година ќе се воведе едносменска настава

ДЕСК

Нова пожарна станица, реконструкција на кино „Милениум“ и планетариумот дел од ребалансот на Град Скопје

C +