16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Украинец уапсен во Поска, шпионирал за Русија

Полската агенција за внатрешна безбедност уапси Украинец, уште еден член на разбиената шпионска група, кој на руските разузнавачки агенции им предавал информации за воени објекти и поморски пристаништа во Полска, соопшти министерот за внатрешни работи и администрација Мариуш Камињски. Уапсениот Украинец е задржан во притвор.

Украинскиот државјанин бил во Полска од 2019 година, а е уапсен на 21 јуни како 15-ти член на големата мрежа на руски агенти кои ги надгледуваа железниците, аеродромите и пристаништата каде што минуваше не само полската воена помош, туку и помош од другите земји на НАТО до Украина.

„Кривичните дела за кои се товари се казнуваат со затвор до десет години“, соопштија од надлежното обвинителство.

Првите апсења на таа група, како што наведува обвинителството, на странци од истокот, започнале кон средината на март, кога биле уапсени шест нејзини членови.

Според соопштението на Агенцијата за внатрешна безбедност, уапсените поставиле скриени камери на железничките клучки и во близина на аеродромот Јешонка во Жешов на истокот на Полска, со цел да ги следат конвоите со оружје за Украина и за пари тие податоци ги испратиле до руските разузнавачки агенции.

„Се разбира, таа група можеше да претставува сериозна закана за инфраструктурата. Тоа беше група шпиони, група луѓе кои собираа информации во корист на оној, кој ја нападна Украина. Заканата беше реална“, потврди тогаш министерот за одбрана Мариуш Блашчак за полското државно радио.

Покрај тоа, според истрагата, групата подготвувала и диверзии и проруски и антиукраински пропагандни кампањи.

Спонзорирано: