26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Мицотакис најави легализирање на истополовите бракови: Грчкото општество е позрело

Легализирање на истополовите бракови, како дел од стратегијата на Владата за време на вториот мандат, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за Блумберг.

Според него „истополовите бракови ќе се случат во некој момент“ и тоа е дел од нивната стратегија.

„Грчкото општество е многу поподготвено и позрело“, истакна Мицотакис.

Од СИРИЗА преку соопштение ја коментираа изјавата на грчкиот премиер и рекоа дека му посакуваат „добредојде на Мицотакис во современата европска реалност“ и потсетуваат дека тие пред една година доставиле соодветен предлог закон.