12.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Германија загрижено ги следи немирите во Франција“ – Шолц се’ уште е убеден дека Макрон успешно ќе ја смири ситуацијата

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Германија со загриженост ги следи немирите во Франција.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја одложи државната посета на Германија што требаше да почне денеска поради насилството на француските улици по убиството на 17-годишниот тинејџер Нахел, пренесе Ројтерс.

Во интервју за германската телевизија АРД, Шолц рече дека иако гледа со загриженост, тој е уверен дека Макрон успешно ќе ја смири ситуацијата.

„Не очекувам дека Франција ќе стане нестабилна, иако сликите се, се разбира, многу вознемирувачки“, рече тој.

Спонзорирано: