9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Евакуирани се околу 8.200 луѓе, пронајдена е бомба тешка 250 килограми

Тимот за деактивирање бомби го деактивираше уредот тежок 250 килограми, кој датира од Втората светска војна

Тимот за деактивирање бомби го деактивираше уредот тежок 250 килограми, кој датира од Втората светска војна

Околу 8.200 луѓе кои живеат во северниот германски град Кил беа привремено евакуирани од своите домови во неделата, бидејќи тим за деактивирање бомби деактивираше направа тешка 250 килограми која датира од Втората светска војна.

Полицијата на пристанишниот град, кој беше главната поморска база за време на војната, на Твитер објави дека операцијата во населбата „Нојмухлен-Дитрихсдорф“ е завршена без инциденти.

Бомбата била откриена при градежни работи.

Во вторникот беше деактивирана уште една британска бомба во населбата Шревент, пренесува „Феникс-Магазин“. Околу 3.000 жители беа привремено евакуирани.

Во германските градови често се наоѓаат и деактивираат неексплодирани експлозивни направи кои останале од Втората светска војна.

Спонзорирано: