20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Педро Санчез вети нови 55 милиони евра помош за Украина

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска во Киев вети нова помош за Украина во износ од 55 милиони евра. Парите се наменети за помош за „финансирање на малите и средни претпријатија во Украина“, рече Санчез во говорот во украинскиот парламент.

Санчез пристигна во Киев во саботата наутро, на првиот ден од шпанското претседателство со Европската унија.

ЕУ ќе и помага на Украина „се додека е потребно и без разлика на цената што ќе ја плати“, рече тој.

Во својот говор, Санчез потсети дека мировниот проект на ЕУ е воспоставен по Втората светска војна со цел да се спречат нови војни. Европа е отворена за оние кои се стремат кон тоа, рече тој, поддржувајќи ги европските аспирации на Киев.

Обраќањето на Санчез во украинскиот парламент не беше емитувано во живо од безбедносни причини.

„Ќе продолжиме да му помагаме на украинскиот народ додека не се врати мирот во Европа“, рече Санчез по пристигнувањето во главниот град на Украина, што беше прва посета откако Шпанија го презеде претседавањето со ЕУ во саботата.

Санчез ја најави посетата на Украина во четвртокот за време на самитот на ЕУ, велејќи дека неговата цел е да ја покаже „непоколебливата поддршка“ на ЕУ на Киев во борбата против руската инвазија.

Украина доби кандидатски статус за членство во ЕУ пред една година и се надева дека ќе започне формални преговори оваа година за чекорите што земјата ќе треба да ги преземе за да ги зголеми своите шанси за пристапување во ЕУ.