10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тинејџерот кој беше убиен од полицаец во Франција ќе биде погребан утре

Градоначалникот на Нантер, Патрик Жари денеска се обрати на пресот по средбата со францускиот премиер и членовите на владата. Тој рече дека на средбата ги пренел емоциите и гневот на граѓаните кои се чувствуваат последните денови.

„Мораме да продолжиме да го поддржуваме семејството на Нахел и неговата мајка, кои ќе присуствуваат на погребот во сабота“, додаде тој.

Тој вели дека засега не планира воведување полициски час, туку дека приоритет е деескалација на насилството.

„Мораме да продолжиме, мора да бидеме тука, да бидеме еден со друг и да разговараме еден со друг“, додаде тој.

Во Париз трета ноќ по ред продолжија жестоките судири меѓу полицијата и демонстрантите, при што беа уапсени 875 лица. Повредени се 249 полицајци. Пред денешната кризна седница на Владата, францускиот претседател Емануел Макрон објави дека се оштетени 492 згради, изгорени се 2.000 возила и подметнати 3.880 пожари, пренесува Франс прес.