18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Поранешен директор на ЦИА: Пригожин сега нека биде многу внимателен

Поранешен директор на ЦИА го предупредил лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин да биде многу внимателен околу „отворените прозорци“.

Пензионираниот генерал Дејвид Петреус очигледно алудирал на голем број истакнати Руси кои загинале под неразјаснети околности, вклучително и паѓање од прозорци, откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, пренесуваат медиумите во регионот.

Како дел од договорот Пригожин да го запре маршот на неговите платеници кон Москва, тој се согласи да замине во егзил во соседна Белорусија, чиј лидер Александар Лукашенко е силен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

„Пригожин си го спаси животот, но ја загуби својата платеничка група“, изјави генералот Петреус за Си-Ен-Ен.

Спонзорирано: