18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
СВЕТ

Торонто можеби добива куче за градоначалник

Граѓаните на Торонто наскоро ќе одлучат кој ќе биде следниот градоначалник откако откритијата за вонбрачната врска на Џон Тори го соборија долгогодишниот лидер.

Има повеќе од сто кандидати, а меѓу нив е и куќа по име Моли.

Употреба на сол
Шестгодишната женка од сибирска хаски и нејзиниот сопственик Тоби трчаат со ветување дека ќе престанат со прекумерната употреба на сол на патиштата во текот на зимата.

Прекумерната употреба на сол на патот во текот на зимата, тврди Тоби, може да ги повреди шепите на кучињата како Моли.

Неговата кампања, исто така, предлага да се решат високите цени на становите, да се зголемат даноците на компаниите вредни милијарди долари и да се забрани греењето на фосилни горива во новите домови и деловни згради.

Подобри одлуки
Ако победи, тој рече дека ќе ја назначи Моли за прв кучешки градоначалник.

– Мислам дека градското собрание би донело подобри одлуки доколку во собата има животно – изјави тој за Би-Би-Си.

Спонзорирано: