23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

На пругата во близина на Москва е пронајдена мина

Според руските медиуми, на железничката пруга кај Москва, работник пронашол сомнителен предмет кој личи на противпешадиска мина кој се наоѓал под железничката пруга.

Работникот со рака го извлекол предметот, а кога сфатил дека е мина ја известил полицијата.

Се уште нема официјална потврда дали се работи за вистинска мина и дали претставува опасност, а на каналите Телеграм се појави фотографија од мина.

По бунтот на Вагнеровите борци кои вчера го окупираа рускиот град Ростов на Дон и се упатија кон Москва, во повеќе градови беа откажани јавните собири, а беше воведен и режим на антитерористичка операција. Сообраќајот кон повеќе градови до денеска беше во прекин. Утрото сообраќајот почна да се нормализира, а во 13 часот и 15 минути по локално време беше отворен првиот приод кон Москва.

Потсетуваме, по постигнатиот договор, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, им нареди на борците да се повлечат од своите позиции и доби ветување дека после тоа никој од нив нема да биде кривично гонет и дека Пригожин ќе ја напушти Русија и ќе замине во Белорусија.

Спонзорирано: