15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Страшна бура во Тексас: Ураган однесе три животи

Најмалку три лица загинаа во ураганите што ја погодија американската сојузна држава Тексас, поточно северниот град Матадор.

Вилијам Иваско од Националната метеоролошка служба (NWS) во Лубок, Тексас, објави дека три урагани биле забележани со бури што се случиле вчера околу 21:30 часот по локално време, при што ураганот Матадор предизвикал сериозни штети во регионот.

Градоначалникот на Матадор, Пат Смит, рече дека урагани и град со големина на тениско топче го погодиле градот и околните области како резултат на силното невреме.

Смит рече дека три лица ги загубиле животите како последица на ураганот, а има сериозни штети низ градот.