14.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британскиот министер за одбрана Бен Валас нема да го наследи Столтенберг на чело на НАТО

Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека не очекува да го наследи Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО, објави магазинот „Економист“.

Британските меидуми пренесуваат дека Столтенберг треба да поднесе оставка во септември по девет години како генерален секретар на Алијансата. Алијасната бара наследник на Столтенберг пред самитот во средината на јули во Литванија, а извори од неа минатата недела изјавија дека се очекува тој да остане на функцијата уште една година.

-Тоа нема да се случи, рече Валас, кој отворено изјави дека би сакал да ја добие позицијата, во интервју за „Економист“, додавајќи дека САД сакаат Столтенберг да остане.