16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјотрес на Крим

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во морето, во близина на брегот на Крим, а епицентарот се наоѓал на 59 километри од Севастопол, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според извештаите, земјотресот се случил во 5:42 часот по московско време во морето јужно од Севастопол, на длабочина од 10 километри.

Во последните 100 години таму се забележани голем број земјотреси со јачина од пет до седум степени според Рихтеровата скала.