12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Вучиќ: Нема да разговарам со Курти

Претседателот на Србија Aлександар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел за да го продолжи дијалогот со Албин Курти. Тој ова го изјави по средбата со унгарскиот претседател Каталин Новак и премиерот Виктор Орбан.

Двете делегации ја одржаа првата седница на Стратешката алијанса за соработка, а министрите на двете влади потпишаа 12 договори за соработка.

Настанот, кој, како што истакнуваат државниците на двете земји, ги покажува историски најдобрите односи меѓу Србија и Унгарија, остана во сенка на актуелната ситуација на Косово и предлогот на унгарскиот премиер Србија да ги ослободи уапсените косовски полицајци.