24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Македонија во тага: МНР ја потврди веста за стравичната несреќа во која загина 8 годишно дете од Македонија

Информираме дека денеска, 17 јуни, на магистралниот пат Ељбасан-Пеќин, Република Албанија, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загинало 8-годишно дете, A. K. од Гостивар, државјанин на Република Северна Македонија, додека двајца сопатници, T. Б. и Р.К. се вон животна опасност и на лекување во локалната болница во Ељбасан.

Амбасадата на Северна Македонија во Тирана е во комуникација со надлежните институции на Албанија и семејството на починатото дете и се ставени на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Албанија.

Исто така информираме дека на располагање се дежурните телефони на Амбасадата на Северна Македонија во Тирана +355689019198 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075 273 732.