20.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

САД и ЕУ се свртија против Курти: „Косовскиот премиер наскоро ќе замине во политичка историја“

Постојат ли губитници и победници од последната политичка криза и тензии на Косово е прашањето кое се поставува во изминатиот период. Особено зачудува фактот што САД, ЕУ, па дури и албанскиот премиер, Еди Рама го критикуваа косовскиот премиер Албин Курти за некои од потезите што ги направи по локалните избори на северот на Косово, што беше причина српскиот претседател Александар Вучиќ повторно да ја врати војската на границата на Косово. Во Белград пак на големо се зборува за наводниот американски „пресврт“ во решавањето на долгогодишниот српско-албански конфликт и зголемената доза на разбирање за ставовите на Александар Вучиќ, кој упорно повторува дека формирањето на ЗСО е предуслов за продолжување на дијалогот со Приштина без разлика дали Косово го претставува Курти или некој друг.

Се остава впечаток дека Курти во моментов е сам, па оттаму е нејасно што ќе се случи понатаму и дали Косово ќе падне во немилост на меѓународната заедница. Политичкиот аналитичар Агим Јонуз во разговор за „Локално“ вели дека губитници се сите ако се земе во предвид дека овој регион е всушност е во еден евроинтегративен филм.

-Во него предусловот е сите ние да бидеме хармонични и да владее некако амбиент на конструкција. Геополитички точката на Косово е точка која се уште и долго ќе живее и тоа за геополитички цели многу повеќе, откако за локални, бидејќи локално еден ден може и ќе се договорат, било кој и да е мал губитник. Сите губат со дестабилизацијата, истакнува Јонуз.

Според него, косовскиот премиер Албин Курти е „пуштен низ вода“.

-Мислам дека нема долго да биде на местото каде што е. Како и да е, Америка е таа што диктира, а не нејзе и требаат послушници. Искуствата велат дека сите оние кои малку кренале уши и покажале непослушност, на крајот отишле во политичката историја, порачува аналитичарот.

Јонуз е дециден дека „Косово не може да функционира без поддршката на меѓународната заедница“.

-Нема шанси да опстанат без поддршката на САД и ЕУ. Косово е проект на САД и ЕУ, така да тој проект нема шанси никој да го дестабилизира се додека Америка стои зад него. Ако Косово покаже било каква непослушност кон Америка, тоа е пукање во сопствениот череп, оценува соговорникот.

Со оглед дека САД го вратија на Балканот, дипломатот Џејмс Рубин, кој е еден од авторите на познатиот Дејтонски мировен договор, Јонуз не ја исклучува можноста таков договор да се склучи и за Косово.

-Не би ме изненадило и мислам дека тоа емногу извесен епилог од се. Прашање е само во каква форма и какви и кога би биле почетоците на мировниот договор, заклучува аналитичарот.

Косовскиот премиер оцени дека вчерашниот случај е агресија врз Косово и дека е одмазда кон косовската полиција која се бори против криминалот.

Приштина ја зајакна контролата на границата со Србија како одговор на апсењето на тројца косовски полицајци од страна на Белград.

Премиерот Курти по седницата на Советот за национална безбедност го изрази своето изненадување, како што рече, од молкот на меѓународната заедница за актуелните настани.

Со тамошниот министер за внатрешни работи тој повика на итно ослободување на тројцата припадници на граничната полиција – кои, како што тврдат, биле киднапирани од територијата на Косово од страна на специјалните сили на српската војска и полиција, додека Србија тврди дека ги уапси на нејзина територија.

Н.П.

извор Локално