20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Касами одбива да гласа за уставните измени; дали се качува на бродот што и Мицкоски го напушти?

Движењето БЕСА на Билал Касами се закани дека нема да гласа за предложените уставни измени за воведување на бугарска заедница во Преамбулата, доколку не се земе предвид нивниот предлог за отстранување на дефиницијата „20%“ за албанскиот јазик.

Од друга страна, по средбата со премиерот и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, „За“ уставни измени е и лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој е спремен да разговара со парламентарното мнозинство за уставните измени, па дури и за учество во влада на широка коалиција, но без ДУИ на Али Ахмети.

Покрај заканите на Касами за Уставните измени, остро се противат и од „Левица“ на Димитар Апасиев.

Касами одбива да гласа за уставните измени; дали се качува на бродот што и Мицкоски го напушти?

Новинарот и познавач на политичките случувања, Дритон Зенку за „Фронтлајн“ вели дека извесен период Движењето Беса на Билал Касами следи иста линија со ВМРО-ДПМНЕ за одредени прашања. Според него, различна е само интерпретацијата и причините на споровите.

– ВМРО-ДПМНЕ поентира на сметка на своето гласачко тело исто како и Движењето Беса кај гласачко тело на Албанците. Во груби црти, дестинацијата е во ист правец. Движењето Беса има скршено табуа во однос на соработката со македонски субјекти и покрај ризикот од таквото нешто. Се сеќаваме на предизборната коалиција со СДСМ. Касами како партиски лидер до сега вршел тешки политички експерименти. Политичарите знаат да ги оправдаат своите дејствија, но како тоа го прифаќаат граѓаните, останува да се види подоцна. Да кажеш денес дека немаме обврска да ги поддржиме уставните измени е деструктивен пристап во време кога се прават титански напори да се дојде до овие неопходни промени што ги бара меѓународната заедница. Во политиката не секогаш причината ги оправдува средствата, вели Зенку.

Претседателот на Движењето Беса изјави дека како партија нема да станат дел од сеопфатна влада за одобрување на уставни измени.

– Со оглед на фактот дека и за уставните измени Владата нема гаранција дека има обезбедено 80 мандати, бараме ист пристап на оваа Влада за дефеницијата 20-те проценти за албанскиот јазик. Владата треба да го испрати нашиот предлог и на некои други пратеници, во случајов на „огнената група“ група до Собранието, а овде ние како Движење Беса гарантираме дека ќе ги поддржиме уставните измени. Доколку Владата се инаети на Движењето Беса и не го доставува предлогот за остранување на дефиницијата „20%“, тогаш оценуваме дека немаме обврска да го поддржиме владиниот предлог за уставни измени, изјави Касами.

Тој побара и предвремени избори како излез од оваа политичка ситуација, а ги обвини владејачките партии на Албанците ДУИ и Аалијанса за Албанците како корумпирани партии кои не можат да ги унапредат интегративните процеси.

Дестан Јонузи

извор Фронтлајн.мк