18.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Рама: Регионот е и наш, не им припаѓа само на Косово и Србија

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше во врска со коментарите на Косово, откако на Франција и на Германија им го испрати својот нацрт-статут за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство, велејќи дека оние кои се против предлогот, и во Приштина и во Белград, се комунистите во нивните умови, пренесува „Репортери“.

Албанскиот премиер додаде дека тоа го направил за доброто на регионот, бидејќи нагласил дека „регионот не е само на Косово и Србија, туку и наш“.

„Мило ми е што напорите да се даде конкретен придонес во дијалогот и предлогот за ЗСО беше добро прифатен од нашите сојузници, а за оние кои се спротивставија без да ја знаат содржината, и во Приштина и во Белград, кажувам две работи. Прво, тие што зборуваат вака се уште живеат во комунизам, кога политиката се однесуваше на тоа кој нешто рекол, а не што кажал. Второ, тие се навистина тие кои сами одлучуваат, но овој регион не е само нивен, туку и наш. Така да, ако уште мислат да играат војна, четврт век по војната, на нашите сојузници им го снемува трпението, затоа што бараат мир“, рече Рама.

За односот со премиерот Курти, Рама рече дека тие имаат исти цели, но одат по различни патишта.

„Мојата цел и целта на премиерот на Косово се исти, но постигнувањето на таа цел не го гледаме на ист начин, особено во последно време. За мене курсот на судир со нашите сојузници е само каприц со несогледливи последици“, изјави Рама.