24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Рускиот гувернер на Херсон: Украинците си наштетија себеси со уривањето на браната

Владимир Салдо, рускиот гувернер на Херсон назначен од Москва, тврди дека „Украинците си наштетиле себеси“ со уривањето на браната „Нова Каховка“ и на хидроелектраната на реката Днепар.

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната. Сè уште не е 100 отсто сигурно што го предизвикало рушењето на браната, исто како што не е познато дали браната била намерно нападната или уривањето е резултат на структурни оштетувања.

Говорејќи на руската државна телевизија, Владимир Салдо тврди дека овој инцидент ќе биде од корист за руската војска.

„Од воена гледна точка, оперативно-тактичката ситуација сега е во корист на нашите вооружени сили, вооружените сили на Руската Федерација. Тој додаде дека тоа е спротивно на ‘очекувањата дека уништувањето на браната ќе им даде одредена стратешка, па дури и оперативна предност на Вооружените сили на Украина (АФУ)’“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија сноси кривична одговорност и дека украинските обвинители го истражуваат инцидентот со браната како случај на екоцид.

Салдо тврди дека според прелиминарните прогнози, меѓу 22.000 и 40.000 луѓе се наоѓаат во зоната на катастрофата. Тој додаде дека седум лица, кои можеби биле на островите низводно, се сметаат за исчезнати, но тоа ќе може да го потврди дури кога ќе имаат пристап до тие области.

Спонзорирано: