26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Јасно ни е дека Украина нема да влезе во НАТО додека трае војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека разбира оти Украина нема да се приклучи на воената алијанса на НАТО се додека војната со Русија продолжува, пишува Гардијан.

„Разумни сме, разбираме дека не би било добро да ги вовлечеме земјите од НАТО во војна. Затоа ни е јасно дека нема да влеземе во НАТО додека трае оваа војна. Не затоа што не сакаме, но затоа што тоа е невозможно“, рече Зеленски во Киев за време на прес-конференцијата што ја одржа со естонскиот претседател Алар Карис.

Претходно и Германија ги уништи надежите на Украина за добивање јасна перспектива за членство во одбранбената алијанса на НАТО во текот на оваа година.

„НАТО секогаш јасно кажуваше дека има политика на отворени врати кон Украина, а исто така е јасно дека среде војна не можеме да зборуваме за ново членство“, изјави министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Баербок, за новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло, Норвешка.